| четврток, 6 декември 2018 |

По изборот на Трамп, Берлин побара вонредна средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ

На барање на Германија, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија ќе одржат вонреден состанок посветен на победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД, јави дописникот на МИА од Берлин.

Неименуван германски дипломат за новинската агенција ДПА денеска изјави дека средбата ќе се одржи в недела во Брисел.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер ја поздрави одлуката европските министри за надворешни работи да се сретнат во текот на викендот, изјави истиот извор.

Штајнмаер и германската канцеларка Ангела Меркел во првите обраќања кон Трамп без дипломатски ракавици директно посочија дека услов за соработка меѓу двете земји е почитување на владеењето на правото, слободата и демократските вредности, како и надминување на поделбите во американското општество по изборите за претседател.

Вонредниот состанок на европските министри за надворешни работи посветен на односите САД-ЕУ ќе се одржи еден ден пред редовната средба која беше закажана пред изборите во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top