Фудбалерите на Росенборг и математички ја осигураа новата шампионска титула во норвешката Премиер лига, пет кола пред крајот на актуелната сезона, која заврши изминатиот викенд. Сепак, кога им беше врачен шампионскиот пехар, фудбалерите на Розенборг, најблаго кажано се однесуваа непримерно.
Во вулгарната прослава предничеше данскиот интернационалец, напаѓачот Кристијан Гиктјер. Најдобриот голгетер во дресот на Росенборг прво позираше потполно гол, а потоа, својата машкост ја стави во шампионскиот пехар.
Од своите тимски колеги побара веднаш да биде сликан, а фотографијата ја постираше на својот профил на “Инстаграм”. Неколку часа подоцна, Гиктјер ја избриша сликата, но доказите останаа и без постирани на сите социјални мрежи.
Гиктјер веќе е познат по своето неморално однесување, по шегите со сексуална конотација, а неговиот вулгарен пример го следеше и репрезентативецот на Норвешка, Пол Андре Хеланд, кој постираше слика со трофејот, но се сликаше како од мајка роден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.