| четврток, 6 декември 2018 |

Една шолја од овој солен напиток и ќе исчезнат болките во грлото

Во овој период од годината ретко кој може да се пофали дека не го мачи кивавица, настинка и болка во грлото. Затоа во случај грлото непријатно да ве грепка, еве одлично решение.

Не морате веднаш на првите знаци на настинка да посегнувате по лекови. Доволно е во чаша топла вода да ставите една лажичка сол и со тоа да ја исплакнете устата и грлото. Плакнете ја жестоко устата, правете грагара по неколку пати, со цел да го исплакнете целосно и грлото. Голтнете некој дел од напитокот доколку можете.

Применете го овој метод два до три пати во денот, веднаш ќе почувствувате дека болката во грлото се намалува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top