| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Удово, едно лице на Ургентен

Вчера околу 08.30 часот на клучка на подвозникот кај с.Удово се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (58) од Струмица и aвтомобил „фиат мареа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.И. (59) од Демир Капија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С. (57) од Демир Капија, сопатничка во автомобилот. На истата и била укажана лекарска помош во Општа болница-Гевгелија, но поради серионоста на повредите била пренесена во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top