Јелена Карлеуша и ден денес се фали со концертот на белградското Ушќе кој беше одржан пред 3 години, но луѓето кои тогаш соработувале со неа се уште се обидуваат да ги добијат своите пари.
Јелена која себе си се нарекува Дива се фали со гламур, богата продукција, раскош, а една од танчарките која со неа била на сцената таа 2013 година решила да открие нешто повеќе за пејачката.
Имено, Јована Јоцка Ѓуриќ на својот Фејсбук профил ја открила вистината која се крие зад целиот тој гламур на Јелена Карлеуша.
-Јас не можам да се спуштам на тоа ниво, да го чувствувам тој вид на страдање кога некој копира нешто што ти си го правел пред години, месеци, викенди. Јас се фотографирав во такви чорапи, гаќички, фризури пред таа некоја си . Ќе разберев доколку заработуваше милиони од сето тоа. Добив една таква споредба и решив конечно да објавам фотографија на која се гледа моето фото со мојата омилена фризура која ја нарекувам „Добра вила“ (моите пријателки од Ибица така ме викаа кога ја носев оваа фризура) која јас ја споделив пред 3 дена, а дивата Карлеуша ја сподели вчера(си се смеам сам на себе).
Но тоа не е толку важно, доволно се понижив, ова само го искористив да и порачам на милата една и единствена Јелена КАРЛЕУША, Дива на чиј концерт пред три години танцував, за кој хонорар се уште не ми е исплатен, јас Јована Јоцка Ѓуриќ (+остатокот од танчарите), овој пат јавно и порачувам на Јелена која ниту ми ја плати, ниту некогаш ќе ми ја плати мојата работа (затоа што жената нема пари, тоа е ок) дека и простувам. Јелена ти простувам и што ме блокираше на Твитер, што не ме испати (2 месеци уживање и дружење со напорни тренинзи за твојот концерт, а зошто па и ти би ни платила) а тоа што ја копираше мојата омилена фризура значи дека сепак сум ти мила. Еве ти простувам – напишала пејачката во својот статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.