Првиот Скопски вински салон- Винодонија 2016 ќе се одржи овој викенд, на 11 и 12 ноември, во новоотворениот хотел Мериот во центарот на Скопје. Ваков настан, кој е посветен на виното, винариите, винската индустрија и љубителите на вино, за прв пат се случува во Република Македонија.
Скопскиот вински салон е интернационален настан со изложувачки карактер кој ќе се одржува секоја година со намера да се зголеми бројот на винарии, вински авторитети и нивото на винската култура во Македонија.
Повеќе од 30 винарии од земјава, како и од Балканот и Европа ќе ги презентираат своите вина.
Програмата на винскиот салон е богата и вклучува дегустации каде личности од светот на виното ќе презентираат вина од Македонија, Хрватска, Србија, Италија, Франција… ќе има дегустации на просеко и шампањ, спарување на вино и чоколада, прeдавања за вински маркетинг и како да се зголеми продажбата на вино во ХоРеКа секторот.
Организатор на Скопскиот вински салон- Винодонија 2016 е група на македонски вински критичари, судии и ентузијасти кои под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија го организираат овој вински настан.
Скопскиот вински салон е настан е наменет за трговци со вино, вински ентузијасти и вистински љубители на доброто вино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст