| четврток, 6 декември 2018 |

Видно ослабен, но насмеан – Бред Пит се појави прв пат по разводот (фото)

Бред Пит беше забележан за прв пат, откако Анџелина Џоли поднесе барање за развод во септември.Во вторникот, актерот присуствуваше на приватно прикажување на драмата “Moonlight” во Лос Анџелес, во придружба на неговата долгогодишна другарка и колешка Џулија Робертс. Неговата продукциската компанија “Plan B”, направи партнерство со “A24” за да направат филм за хомосексуално момче од афричко-американско потекло, и се шират гласини дека филмот ќе биде номиниран за Оскар.
3a8cd50f88bb33e09fb22788c7af8166

Ова доаѓа еден ден откако Анџелина Џоли го доби првичното физичко старателство над 6-те нејзини деца со Бред Пит. Во моментов холивудската двојка е во процес на горчлив развод, но нивните најголеми спорови се водат околу тоа каде и со кого ќе живеат наследниците.

Првично Џоли побара старателството над децата, по што Пит ѝ го оспори барањето, приложувајќи документи во судот за заедничко физичко и правно старателство.

На крајот засега таа ја доби битката и децата остануваат да живеат со неа во Лос Анџелес.

Бред ќе може да ги гледа само при планирани посети и тоа во друштво на надзорник-психолог.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top