| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел ја поздрави „значајната можност“ на Трамп

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, Републиканец од Кентаки, му честиташе  на Доналд Трамп, велејќи дека тој претставува нова насока и „значајна можност да го обедини народот “.

-Му честитам на новоизбраниот претседател Трамп на својот историски избор. По осум години на администрацијата на Обама, американскиот народ одбра нова насока за нашата нација. Новоизбраниот претседател Трамп има значајна можност да обедини нашиот народ заедно- вели Меконел.

-Се надевам и имам намера да успееме работејќи заедно во наредните години со нашите колеги на зајакнување на националната и економска безбедност- посочи Лидерот на мнозинството во Сенатот, Републиканецот Мич Меконел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top