| четврток, 6 декември 2018 |

Средба на Попоски со шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Де Зулуета

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска имаше средба со Тана де Зулуета, шеф на набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември 2016 година.

Како што соопшти МНР, Попоски изразил задоволство од досегашната соработка со ОБСЕ/ОДИХР и позитивните искуства од мониторингот на бројни изборни циклуси во минатото.

– На средбата беше истакната важноста од спроведување фер и демократски избори и беа споделени очекувањата за добар изборен процес. Исто така, беше подвлечена корисноста од набљудувањето на изборите од страна на ОДИХР, ПС на ОБСЕ и останатите релевантни меѓународни организации, стои во соопштението од МНР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top