Засилен јужен ветер со брзина од околу 90 километри на час ги зафати денеска Пелагонија и Штипско, соопшти УХМР.
Во западна и во северна Македонија е облачно со врнежи, кои на повеќе места беа обилни, а во јужните делови се задржа променливо облачно и топло време со засилен јужен ветер. Облачното време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до крајот на денот и во текот на ноќта.
Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи со променлив интензитет. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и со засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на квадратен метар.
Во Скопје до крајот на денот и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
В четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.