Вчера во 7.40 часот во Скопје на ул.„Рокомија“, додека М.М. (30) се движел со автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое била и неговата малолетна ќерка, поради недоразбирање во сообраќајот, патот му го пресекло возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегло непознато машко лице, кое со шрафцигер во рака замавнало кон М.М., но тој успеал да го избегне нападот.
Во близина се наоѓал полициски службеник, кој интервенирал и го спречил во намерата. Во истиот момент непознатото лице се качило во своето возило и со намера да го прегази, тргнало кон М.М., но удрило во неговото возило и го оштетил. Веднаш потоа го напуштило местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


