| четврток, 6 декември 2018 |

Хит приказна од породилиште – лекарите пронашле кутија кекс која чудно мирисала, кога ја отвориле, им се смрачило!

bebe

Роднините и пријателите масовно за време на посета во болниците носат плескавици, хот догови, јајца, разни лиснати теста и производи од пекара и друга мрсна храна, како и колачи без оглед на тоа што поедини производи кај пациентите и штотуку породените можат да предзвикаат несакани дејства. Ваквите производи можат да бидат кобни за пациентите на кои се донесени, но и за другите лица во болницата.

Свесни дека одредена храна не смеат да носат на лицата кои лежат во болница, а тоа обично е онаа што е вкусна, но забранета, роднините се обидуваат да ги „прокријумчарат“ на различни начини.

Началничката на едно белградско породилиште  раскажала за српски Телеграф дека затоа сестрите се принудени да глумат инспектори.

-За време на една таква контрола, сестрите во кутија за бисквити, пронашле плескавици кои сопругот и ги донел на штотуку породената сопруга. Значи земал кутија од плазма и во неа ставил плескавици – раскажала началничката.

Познато е дека секоја болница има своја храна за пациентите, која е ускладена со нивните потреби. За разлика од неа посилна храна може да го забави метаболизмот, а со самото тоа и заздравувањето на пациентите и да доведе до појава на болки и грчеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top