Едно лице е тешко повредено при сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпаролка на СВР Велес.
Како што соопшти таа, сообраќајката била во 17.45 часот, на магистралниот пат Градско – Прилеп, во Росоман.
– Во неа учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци – појасни Стојковска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил марка „фиат уно“, кој бил пренесен во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, заради укажување лекарска помош.
Увид на самото место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.