| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Нечуено е бегалците да ги бираат земјите за азил

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер изјавил дека бегалците не можат да бираат каде ќе бидат сместени во Европа, како и тоа дека имаат одговорност да одат таму каде што за нив има место, пренесуваат светските агенции.

Јункер рекол дека тоа е „нечуено“ и дека е „неприфатливо бегалците во Грција и Италија да одбиваат со авион да одат на било која друга дестинација освен Германија“.

Тој навел дека владите на одредени земји на ЕУ се подготвени да ги прифатат бегалците кои се во Грција и Италија, каде ги има најмногу, но дека малку од бегалците прифаќаат да бидат преместени.

ЕУ во септември 2015-та година започна план за релокација меѓу државите членки за распределба на бегалците од земјите кои во најголема мера беа погодени од мигрантскиот бран. После повеќе од година дена преместени се само околу седум илјади лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top