Еден изневерен маж на љубовникот на нејзината сопруга му составил листа на барања и ја објавил на Craigslist, најголемиот американски огласник. Неговиот оглас набрзо стана вирален, а ние ви го пренесуваме во целост.
„До типот кој ми ја обработува сопругата. Добро знаеш кој си. Да, се` знам. Не, не сум лут, само би сакал да те замолам неколку работи:
1. Те молам престани да ја оставаш крената даската од тоалетната школка бидејќи секогаш јас излегувам виновен.
2. Можеби ми даваш шанса почесто да одам на риболов, но те молам да престанеш да го пиеш моето пиво. Сосема е во ред да испиеш неколку кога си на посета (Бог знае дека јас морам да испијам барем неколку пред таа да ми стане атрактивна), но сепак остави ми нешто бидејќи јас морам да бидам со неа многу подолго време отколку ти.
3. Ако го испиеш целото пиво, купи друго или барем остави ми пари на масата за јас да купам.
4. Би те замолил да ставиш нова ролна тоалетна хартија кога ќе ја потрошиш. Поради некоја причина мојот син мисли дека не мора да се избрише ако нема тоалетна хартија. Ја чуваме под мивалникот, но слободно можеш да предложиш подобро место.
5. Кога ќе завршиш со обработување на мојата сопруга, избриши се со нешто што може да се фрли. Корпата со облека од десната страна на креветот е моја и облеката е чиста иако таа не пере. Минатата недела излегов со дамка на кошулата (ти благодарам).
6. Немој да им кажуваш на моите деца дека си им чичко. Можеби се мали, но не се ретардирани.
7. Престани да го засилуваш греењето, јас сум тој кој ги плаќа сметките.
8. Кога ќе те праша „дали во овие пантолони изгледам дебело“, речи „не“. Можеби мислиш дека поинаков одговор ќе ја натера да размисли дали повторно ќе јаде килограм сладолед дневно, но всушност и` даваш причина да оди да купи нови пантолони во кои ќе изгледа еднакво дебело.
9. Престани да ја јадеш нашата храна. Минатата недела си ги изел колачите кои мајка ми ми ги испрати за роденден. Мојата сопруга со години не зготвила нешто толку добро.
10. Обиди се да ја префрлиш тежината на другата страна кога седиш во мојата фотелја, бидејќи правиш вдлабнатина која ме влече кон десно.
Се надевам дека можеш да ми помогнеш со овие работи кои ги набројав. Ако го направиш тоа за мене, ќе ти се јавувам да ти кажам кога нема да бидам тука и колку долго нема да сум дома, за да не мора да се грижиш и да брзаш.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст