| четврток, 6 декември 2018 |

Угостителите во паника по најавите за зголемен ДДВ

Угостителите предупредија на негативните последици кои ќе ги претрпат ако им се покачи стапката на ДДВ од 13 на 25 проценти. Тие наведуваат дека мерката од даночните реформи во Хрватска ќе ги натера да ги отпуштат вработените, да застанат со инвестирањето и да ги покачат цените на храната и пијалоците. Истовремено многумина ќе бидат присилени да ги затворат локалите, најмногу локалните кафетерии.

ugostiteljipdvindexСето тоа го изнесоа на дебатата во соодветната комора, каде освен 30-тина угостители, учествуваа и помошничката министерка за туризмот Божица Лапиќ, која посочи дека ги подржува реформите на министерот за финансии Здравко Мариќ, но и дека остро се спротивставува на покачувањето на стапката на ДДВ, бидејќи со тоа, вели, „Хрватска ја сече раката на туризмот“.

ugostoteljipdv2indexВо стратегијата со определени цели кои сакаме да ги постигнеме до 2020 година, се предвидени и мерки кои мора да се донесат. Една од тие мерки е и даночното растеретување на туристичкиот сектор, а наместо тоа  сега се предлага стапка на ДДВ на 25 проценти, што не е добро. Имено, откако во 2013 година е намалена стапката на ДДВ за угостителството на 13 проценти забележуваме опоравување на туристичкиот сектор, кој што стана генератор на на развојот. Со зголемени инвестиции во хотели, ресторани и кафетерии гледаме сека заживуваат и други сектори почнувајќи од градежништвото па се до опремување на просторот- посочува Лапиќ.

Хрватската помошничката министерка за туризам пред угостителите рекла дека министерството ќе ги брани своите ставови и дека се надева дека нема да дојде до покачување на стапката на ДДВ за нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top