Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски и неговиот стручен штаб денеска ги започнуваат подготовките со фудбалерите од генерацијата 1996/97 кои се вклучени во селективниот камп во Охрид.
Во рамки на селективниот камп ќе се одиграат два контролни натпревари, против Ренова и прилепска Победа на 9 и 11 ноември на стадионот „Билјанини извори“.
Од првичниот список на селекторот Милевски поради повреда Алекса Амановиќ од српски Јавор не е во можност да се стави во функција на тимот, а од истата причина во Охрид не допатува ниту Даниел Крезиќ.
– Ќе се обидеме на најдобар начин да ги искористиме овие неколку денови за запознавање и увид во потенцијалот на играчите кои се повикани на селективниот камп. Сите повикани фудбалери мора да покажат квалитет и одговорност кон дресот што го носат доколку имаат намера да бидат дел од оваа репрезентација. За нас е многу важно играчите да ги прифатат методите и принципите на нашата работа и да сфатат дека настапот за оваа репрезентација е привилегија, но и голема одговорност. Се надевам дека подготовките ќе поминат според предвидената програма и ќе можеме да извлечеме многу позитивни работи од овој селективен камп, изјави селекторот Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милевски: Врвот го достигнавме со настапот на ЕП, но не застануваме тука
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија