Ништо не е се толку розово, дури и кога носите розово опавче и се смешкате на сите фотографии. Така барем тврдат некои од најпознатите зајачици на „Плејбој“, кои, освен што позирале за магазинот, живееле во вилата на Хефнер.
– Кога живеете во вилата, мора најдоцна до девет да бидете дома. Не е дозволено да имате гости. Секој петок наутро мора да се „нацртаме“ во собата на Хефнер, да почекаме да го собере изметот од кучето што го оставило на тепихот и потоа бараме џепарлак. Добивавме илјада долари во банконтои од 100 долари, кои тој ги вади од сефот. Сите го мрзевме ова. Хеф секогаш ја користеше шансата да ни каже со што не е задоволен. Најмногу приговараше за неучеството во сексуалните забави во неговата соба. Тогаш не добивавме џепарлак – пишува во својата книга Холи Медисоен, поранешна зајачица.
Тие не смееле да имаат други ангажмани, освен што земале хонорар за јавно појавување.
Постоеле правила за објавување на „Твитер“ и на „Инстрагарам“. Сè мора да е позитивно, а ако била објавена фотографија во која некоја била во алкохолизирана состојба, тогаш таа имала големи проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.