Како што пишува „Њујорк тајмс“, водечките луѓе на кампањата на Доналд Трамп ја презеле контролата над неговиот приватен профил на твитер.
Иако Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД уште ја диктира содржината на твитовите на своите членови на тимот за односи со јавност, тие не се објавуваат пред да бидат доработени.
Индикативно е тоа што е намален агресивниот тон на содржината на неговиот профил на твитер, а тоа е посебно видливо во последните неколку дена.
Новите пораки содржат радикално помалку класична реторика која преовладување во последните месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.