| четврток, 6 декември 2018 |

Која е целта на специјалните: СЈО нека работи додека Македонија не го смени името на државата

sjo katica janeva fatime fetai

– Кога сме кај СЈО и кризата, неодамна од господинот Ахмети разбравме дека СЈО требало да работи до влезот на Македонија во НАТО. Сакам во оваа прилика да му се заблагодарам на господинот Ахмети, затоа што тој е првиот политичар кој јавно и без влакна на јазикот ја доведе работата на СЈО со влезот на Македонија во НАТО. Односно со остварување на политичка агенда, а не агенда на владеење на правото. Кога ќе се земе предвид дека за членство во НАТО е потребно само решение  за името, тогаш неговата реченица еследнава, СЈО нека работи додека Македонија не го смени името на државата, истакна Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Благодариме Ахмети. Навистина, свесно или не, прв јавно кажа која е целта за формирањето СЈО, И зошто некој бара продолжување на неговата работа. И кога сега ќе се потсетам на некои работи кои ги говорев во минатото кога опозицијата тврдеше дека тоа што го прават е автентична нивна агенда, сфаќам дека сум бил во право кога сметав дека времето ќе даде одговор на многу работи поврзани со кризата, додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ во своето обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top