– Се овозможи неплатено родителско отсуство, надоместок за плата поради бременост, раѓање и родителство, 15 месеци породилно отсуство за мајка на близнаци, се донесе Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, се изврши зголемување на посебните додатоци, додаток за трето дете, се изградија над 80 детски градинки, се изградија 532 станови за млади брачнипарови, се намали ДДВ-то за бебешки производи, се воведе и прошири проектот за бесплатно ин витро за трето и четврто дете, и мноштво други мерки и проекти, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
– Вие, кои одамна сте еден од клучните столбови на ВМРО, веќе прераснавте во институција за респект. Вашата грижа, вашата посветеност, вашата работа, вашите успеси се за восхит, како во партиското работење, така и многу од вас на кои им се доверени државни функции и одговорности. Јас и сите мои соработници денес се гордееме со Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ. Ве имаме секаде каде сте потребни на нашиот народ и во добро и во лошо и во поплави и кај настраданите семејства од пожари, во помош на ранливите категории, но и во креирањето на партиските и државните политики, планови и стратегии и нивното спроведување. Унијата на Жени денес е респектабилен фактор, не само во партијата туку и пошироко, рече Груевски.
Посебни честитки упати за претседателката на Унијата на жени, Даниела Рангелова, за која како што рече со целиот свој тим се вложи во работата на Унијата, што се гледа и по резултатите и бројните активности.
-Со вас заедно, со вашиот силен ангажман, одиме многу посигурни и постабилни на голема победа со 63 пратеници, на изборите на 11-ти декември, рече Груевски.
Лидерот посочи дека и досега имале многу проекти кои им го олеснувале животот на жените во Македонија, но најави и нови проекти во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој дополни дека и со новата програма се предвидуваат многу нови мерки и проекти со кои ќе се помогне или олесни животот на жените и мајките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии