Барак Обама на свечената инаугурација денеска во Вашингтон ја положи заклетвата за неговиот втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.
Според протоколот, свеченоста требаше да ја отворат бендот на маринците и познатиот хор на Бруклинската табернакл црква, а во текот на свеченоста треба да настапат и пејачите Кели Кларксон и Џејмс Тејлор. Сенаторот Чак Шумер, како претседавач со комитетот за инаугурација ќе го покани претседателот Обама во Капитол, а новинарката Мурли Еверс Вилијамс, сопруга на убиениот борец за правата на Афроамериканците Медгар Еверс, ќе се помоли за успех на вториот мандат на претседателот Обама.
Обама и Бајден заклетвата ќе ја даваат вторпат. Тие се заколнаа и во неделата, во затворени церемонии во Белата куќа, односно во резиденцијата на Бајден во Морнаричката обсерваторија во Џорџтаун.
Еве дел од атмосферата пред инаугурацијата на Обама
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст