| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на починатиот се извинил за демолирањето – со причина не сакале обдукција над телото

Братот на 46-годишниот маж, кој вчера по 50 минутно реанимирање почина во Градската болница „8-ми Септември“, доцна синоќа во болницата се извинил за инцидентот со кршењето на болницата, откако била потврдена смртта на неговиот брат. По извинувањето, братот на починатиот потпишал дека не сака обдукција на телото, пренесува „Канал 5“.

Починатиот пациент бил Албанец, а неговите пријатели реагирале насилно, бидејќи сакале да го земат починатиот за врз неговото тело да не се врши обдукција.

– Според нивните обичаи кога некој ќе почине, не смее да се сече и од таму била таа нивна жестока реакција. После тоа, веднаш потпишале дека не дозволуваат обдукција. Не се работи за насилна смрт, природна смрт е. Но, кога настапува нагло мора да се изврши обдукција за да се види која е причината што ја предизвикала смртта. Од тие причини и го грабнаа телото. Добро е тоа што немаше никаков напад врз лекаритеп – објаснува доктор Сашо Стојчев, директор во Градската болница „8 Септември“ во изјава за „Фокус“.

Од Министерството за внатрешни работи денеска известија дека полициски службеници излезгле е на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според неофицијалните информации, сега починатиот заедно со поголемо друштво бил во кафеана, каде доживеал срцев удар. Веднаш била повикана Брза Помош, но лекарите не можеле многу да сторат. Иако успеале за многу кратко време да го префрлат во Градската општа болница по 50 минутна реанимација констатирале смрт.

Неговите пријатели, четириесетина на број заедно со него, од кафеана дошле во болница. Кога ја слушнале веста дека нивниот пријател починал, почнале да ја демолираат болницата. Направена е поголема материјална штета, а во целиот неред, го земале и телото на починатиот и си заминале.

Подоцна, персоналот од болницата контактирал со семејството на починатиот и успеале да се договорат да ги потпишат документите со кои и формално потврдуваат дека бараат на телото да не се врши обдукција, бидејќи според праксата, доколку семејството не побара поинаку, се право медицинска обдукција врз телото на секој пациент кој ќе почине во болница за да се утврди причината за смртта.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top