| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка и во автобусот бр. 65

Вчера во 12.20 часот во ПС ОН-Гази Баба, Ф.А.(18), од с.Црешево –  Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11.50 часот  на ул.„Антон Попов“ поточно во  автобус на ЈСП бр.65 кој сообраќал на релација с.Раштак-Скопје, физички бил нападнат од страна на машко лице на возраст околу 18 години, кој го удрил со тупаница  во пределот на лицето, при што му  нанел видливи повреди во вид на  оток и црвенило.

До физичкиот напад е дојдено без повод и причина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно истиот ден, во автобус кој сообраќал на линијата 65б со нож беше прободено 16-годишно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top