| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесетгодишник се судри со „форд“, тројца повредени

Вчера во 19.35 часот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село делница од с.Босилово до с.Турново, се случила сообраќајна незгода помеѓу Трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишно лице од с.Сарај и автомобил „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(50) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди, поточно крварење во мозокот, скршеница на челна коска, фрактура на горна вилицасе здобил сопатникот во возилото, Ј.М.(78) од Ново Село. На истиот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен на лекување на клиниката за Неврохирургија во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле двата возачи, кои по укажаната лекарска помош во струмичката болница се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа од полициската станица за БПС-Струмица. Од 20.30 до 22.40 часот сообраќајот бил во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top