| четврток, 6 декември 2018 |

Една победа го дели Мареј од светскиот тениски врв

На британскиот тенисер Енди Мареј му е потребна само уште една победа за да го симне од врвот на АТП листата големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Ова е епилогот по одигрувањето на четвртфиналната рунда на Мастерсот во Париз.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ загуби од Марин Чилиќ (Хрватска) во два сета, додека Мареј по голема борба со Томаш Бердих (Чешка) синоќа избори полуфинале.

На Британецот потребна му е победа на денешниот меч од 16:30 часот со Милош Раониќ (Канада) по што ќе си го обезбеди првото место на АТП рејтинг листата.

Претходно, во првото полуфинале во Париз ќе се сретнат Чилиќ и Џон Изнер од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top