Сириската порно ѕвезда сака да ги промени предрасудите за бегалците. Младиот Сириец особено го налутил инцидентот околу утврдувањето на староста на бегалците, така што биле организирани масовни стоматолошки прегледи.
За бегалците кружат постојани негативни стереотипи, но речиси воопшто не се зборува за оние кои работат како доктори, уметници и учители и кои сакаат само да живеат нормален живот и да бидат безбедни.
Антонио Сулејман побегнал од Сирија во 2012 година и заминал во Германија, каде што е многу ценет во порнографската индустрија и сака да ја промени сликата за бегалците, пишува британски „Meтро”.
Овој млад порно актер сака да го прикаже „Сириското тело“ како главен лик на љубовта, а не како жртва, бомбардирана и разнесена од гранати.
Антонио вели дека уште како 15 – годишник почувствувал потреба за уметнички израз. „Ја одбрав порнографијата бидејќи како бегалец во Германија немав друга опција“, раскажал тој.
Неговата кариера доживеала вртоглав успех кога имал 18 години. Тој го контактирал продуцентот користејќи германско име. После кастингот снимил два филма во Амстердам, заработувајќи околу 1000 евра.
Секаде, па и во порнографијата, постои дискриминација. Поради тоа, овој Сириец има голем проблем да се пробие до самиот врв на светската порно индустрија. Кога продуцентите ќе дознаеле дека Антонио е бегалец, пронаоѓале изговори за да не го ангажираат.
Во Германија постои голема резервираност кон бегалците. Најлошите работи се резервирани за неговите сонародници. Антонио вели дека најмногу го боли тоа што самите Сиријци не сакаат да ја признаат реалната дискриминација која секојдневно ја преживуваат.
Антонио има поинаков став во врска со неговата професија.
-Мојата цел е да покажам дека сириското тело не е создадено за да биде разнесено со граната, удавено во Медитеранското море, смрзнато во обидот илегално да ја премине хрватската граница.
Сириското тело е создадено да води љубов и неговата суштина е да го слави животот, а не смртта“, вели Антонио Сулејман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.