По комплетната реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“ и проширувањето и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството предочи дека се предвидува комплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби кој е изграден во 1895 година.
-Ќе биде даден посебен фокус на поставување на автоматски систем за повик на пациент во амбулантите, поставување систем за компримиран воздух и вакум до секоја соба за пациенти, како и реновирање на стационарот и амбулантите. Нашата тенденција е постојано унапредување на условите за лекување на пациентите со инфективни заболувања, и за таа цел ќе инвестираме 200 милиони денари само за градежните работи на оваа Клиника. (Рокот на реализација е 2019 година почеток на градежните работи – 2021 завршување на градежните работи) Ова е една од клиниките со прилично голема фреквенција на пациенти, во која според податоците во 2015 година се прегледани над 21.400 пациенти, а вкупно 2.900 пациенти се хоспитализирани. Тоа значи дека инфраструктурните зафати ќе овозможат бенефит за огромен број пациенти- нагласи Груевски. Нашите инвестиции не застануваат тука, и не застануваат само кај главниот град, туку продолжуваме да инвестираме во секој град во државата, со цел континуирано унапредување на достапноста на здравствените услуги до секој еден граѓанин, без оглед дали живее во урбана или рурална средина, рече Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии