Втор многу важен градежен зафат кој сакам да го објавам е проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, со што ќе придонесеме кон значително унапредување на условите за третман и лекување на пациентите со малигни заболувања, а со тоа и подигнување на квалитетот на здравствените услуги во областа на радиотерапија и онкологија, најави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството.
– Тоа значи воведување нови содржини за лекување и третман на лицата со малигни заболувања, од што бенефит ќе има и медицинскиот кадар, и пред сè пациентите. Оваа инвестиција ќе изнесува 20 милиони денари. Ова е инвестиција што ќе овозможи бенефит за една поголема категорија пациенти, имајќи предвид дека на годишно ниво минатата година на оваа Клиника се реализирани 77.000 здравствени услуги, вклучувајќи хистопатолошки услуги, лабораториски, биохемиски услуги, болнички третмани и други, а воедно со оваа инвестиција ќе се зголеми болничкиот капацитет на Клиниката за над 60 места, посочи Груевски на промоцијата.
Рокот за реализација на проектот е 2018-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии