Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството најави нови инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат во претстојниот период.
– Прво, комплетна реконструкција на Градската општа болница „8 Септември“, која е еден од столбовите на болничката здравствена заштита во Скопје и поширокиот регион. Се работи за објект кој е финално изграден во 1971 година. Реконструкцијата ќе опфати комплетно реновирање на фасадата и замена на сите прозорци во установата, реновирање на операционите сали и Одделот за интензивна нега, реновирање на амбулантите, како и изградба на дополнителни амбуланти во согласност со потребите и динамиката на амбулантски прегледи кои секојдневно се реализираат во оваа јавна здравствена установа. Инвестицијата за оваа болница е во износ од 260.000.000 денари. Во однос на бенефитот од овој проект, сакам да потенцирам дека во континуитет се зголемува бројот на услуги што ги обезбедува ГОБ „8 Септември“. Во изминатите неколку години за над 200 проценти е зголемен бројот на амбулантски прегледи. Оваа година се реализирани над 200 илјади амбулантски прегледи споредено со 2009 година кога биле прегледани 65.000 амбулански пациенти. Исто така, процентот на хоспитализирани пациенти бележи пораст од над 100 проценти, така, на пример, во 2009 година имало околу 6.500 хоспитализации, а годинава тој број е над 14 илјади хоспитализации – најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Рокот за реализација на овој проект е 2018 – 2020 година.
-Како што беше објавено, веќе започнаа градежните работи за оформување бункер за акцелератор во рамки на Градската општа болница „8 Септември“, со што ќе овозможиме поголема достапност на радиотерапијата за лицата со малигни заболувања. Само оваа инвестиција е во вредност од 50.000.000 денари. Покрај тоа, продолжуваме да вложуваме во најсовремена инфраструктура за терциерното ниво на здравствена заштита – универзитетските клиники каде се третираат најкомплексните и најсложените здравствени состојби – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на нови проекти во здравството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии