| четврток, 6 декември 2018 |

„Денешен“: Етем Aбаз, возачот на „пасатот“- криминалец лојален на СДСМ

Според „Денешен“ истото лице, 24-годишниот Етем Абаз има извршено и повеќе кривични дела

„Етем Абаз – возачот на „пасатот“ кој го следеше и го прогонуваше Диме Спасов и од кој излегоа криминалците и на два наврати се обидоа да го извадат заменик-министерот од возилото и физички да го нападнат, е лице со дебело криминално досие, објави порталот „Денешен“.

Во соопштението на МВР со кое раководи техничкиот министер на СДСМ Оливер Спасовски, кое повеќе личеше на партиско соопштение од СДСМ  отколку на професионален полициски извештај, беше наведено дека Абаз како возач на “пасатот“ го пријавил инцидентот.

„Токму на лицето Етем Абаз, кое го пријавило инцидентот во полиција, му е одземена возачката дозвола и има изречено забрана за управување возило  за Б категорија од 13.05.2016 до 13.05.2019 заради пречекорување и прекршување на законот“, пишува порталот.

Според „Денешен“ истото лице, 24-годишниот Етем Абаз има извршено и повеќе кривични дела, меѓу кои:  4 прекршоци по ЗППЈРМ – 2 физички напади, 1 тепачка и 1 пијанство на јавно место, како и 2 прекршоци по ЗБСП член 38 (брзина) и член 234 (алкохол).

„Грозоморно е што МВР раководено од СДСМ се обидува да го прикрие фактот дека ова лице кое се јавува како ” совесен граѓанин” кое го следи и брка возилото на Спасов, како и го напаѓа истото всушност не смее да го управува возилото и со самото тоа прави низа прекршоци како и учествува во кривично дело при извршување на нападот врз Спасов.

Етем Абаз не е уапсен од полицијата и покрај тоа што не само што не смеел да управува со возило, туку и го следел, бркал и нападнал Диме Спасов. Ова е вистински доказ за поврзаност на МВР раководена од СДСМ и криминалната група која во петокот вечерта го нападна Спасов.

Наместо овие криминалци за кои постојат цврсти докази да се приведат, тие се надвор на слобода. Генералниот секретар на СДСМ и министер во МВР не може да ја гарантира безбедноста на високи државни функционери, ниту пак на гараѓаните.

Ова е вистинското лице на СДСМ, кој наместо да ги заштити граѓаните ја злоупотребува институцијата МВР за да ги заштити криминалците кои одработуваат за СДСМ. Ова е доказ за злоупотреба на институцијата под раководство на СДСМ за политички цели и злоупотреба на службената должност и овластување“ објави порталот „Денешен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top