Професорката Билјана Ванковска позната по тоа што не ги штеди про-опозициските невладини кога се во прашање нивните двојни стандарди, синоќа на нејзиниот профил на „Фејсбук“ објави уште еден статус со кој потенцираше уште еден токму ваков момент.
Според неа, сите активисти од Соросовите невладини кои учествуваа во насилните протести во кои беше напаѓана и полицијата се токму оние кои редовно се противат на начинот на дејствување на единиците од „Алфа“ тимовите во полицијата – освен кога дел од припадниците на овие тимови, за кои јавноста дозна дека се кадри вработени од Оливер Спасовски – не им одат „од полза“ на приказните кои ги смислуваат Соросовите активисти и имаат за цел дискредитирање на членови на власта.
Ванковска пишува:
„Не така одамна, сите НВО и активисти велеа дека „Алфите“ се лошите момци, кои пречекоруваат овластувања, кои не се легитимираат, кршат човекови права, употребуваат насилство, итн. Перцепцијата се смени и буквално преку ноќ, истите станаа добрите момци. Just saying…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст