Во средата околу 12.00 часот на автопатот „Александар Македонски“, во близина на рафинеријата „ОКТА“, се случила сообраќајна незгода во која Х.К. од Р.Грција, управувајќи автомобил „ланд ровер“ со германски регистарски ознаки, изгубил контрола, удрил во бетонските огради поставени на коловозната лента и се превртел неколку пати, по што застанал.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ј.М. (31) од Берлин, СР Германија, а со телесни повреди се здобил возачот Х.К. Истите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар Скопје и, по укажаната лекарска помош, Л.Ј.М. е пуштена на домашно лекување, а Х.К. е задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.