| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи и Рос Браун: Михаел покажува охрабрувачки знаци

ros-braun

Лука ди Монтеѕемоло, Берни Еклстон, Фелипе Маса и кој сè не што бил вклучен во формула 1 ја прокоментира состојбата во која се наоѓа седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер. Зимава ќе навршат три години како Германецот е во кома по повредата на главата што ја заработи за време на скијање на француските Алпи, а последен со коментар за неговата состојва се јави и Рос Браун кој во иднина ќе ја извршува работата спортски директор на најбрзиот циркус во светот.

„Семејството одлучи да продолжи со рехабилитацијата на Михаел во приватни услови и јас морам да го почитувам тоа. Сè што можам да кажам е дека има премногу шпекулации за неговата состојба. Поголемиот дел од тие гласини се неточни. Тешко е да се коментира бидејќи сакам да ја почитувам приватноста на неговото семејство. Има прогрес, тоа е вистина. Има и охрабрувачки знаци кои ни даваат надеж. Се надевам дека еден ден ќе го видиме Михаел здрав и без никакви проблеми“ – вели Браун кој соработуваше со Шумахер додека беше дел од Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top