Фото: Дума.мк
Сопственикот на авто лимарската работилница „Мачка“, Маријан Гиовски обвинува дека газдата на бензинската „Црна река“ и неговата сопруга намерно ги паркирале автомобилите пред влезот на неговиот објект. Бидејќи му пречеле во работата, му го блокирале влезот, а узурпирале и јавен простор ги пријавил во полиција која веднаш им напишала казни за непрописно паркирање. Но, обвинува проблемот е од поодамна и целта им е да го испровоцираат, пренесува Дума.мк.
Спорот настанал меѓу сопствениците на бензинската и работилницата кои се наоѓаат една до друга парцела од неколку квадратни метри и на која можат да се паркираат само две возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


