| четврток, 6 декември 2018 |

Го закопал „стокецот“ откако со него усмртил велосипедист

Српската полиција во Панчево го уапси 32-годишниот Д.К. поради сомневање дека со неговиот автомобил удрил во велосипедист, кој поради тешките повреди починал на лице место. Потоа, побегнал од местот на несреќата и го закопал автомобилот, со надеж дека полицијата нема да го пронајде.

зД. К. на 27 октомври 2016 година, околу 18 часот, управувајќи со нерегистриран автомобил „застава југо скала 55″, удрил во велосипедист и побегнал. Полицијата го идентификувала возачот по четири дена, кој возилото го закопал на непристапен терен во околината на Ковин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top