| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесет сообраќајки вчера во Скопје

Сопатник е тешко повреден, а 14 лица се здобиле со полесни повредени, во 11 од вкупно 16 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Пет незгоди се со последица материјална штета.

Од СВР – Скопје, сообраќајната полиција санкционирала 18 лица без возачка дозвола или нерегистрирано возило, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци, а двајца возачи почетници сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 66 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во тек на вчерашниот ден се отстранети 65 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Одделението за превенција при СВР Скопје вечер со почеток во 19 часот во полициската станица Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука за возачи кои сториле прекршоци по разни основи во сообраќајот.

Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Блаже Конески“ со учениците од четврто одделение, кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top