Нов земјотрес, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, ја потресе рано утринава Италија, поточно нејзините централни делови, кои и претходно беа погодени со јаки потреси.
Ова е четврт силен земјотрес, регистриран за една недела.
Земјотресот е регистриран во 1.35 часот по локално време на околу 50 километри југоисточно од Перуџа, на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтрес“. Британската агенција потенцира дека земјотрес со оваа јачина се смета за умерен и дека може да предизвика прилично штета на веќе оштетените објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.