Една млада Кинезинка купила куќа откако ги продала дваесетте ајфони, од најновиот модел на телефонот iPhone 7, кои ѝ ги подарлиле нејзините момчиња. Приказната дошла во јавноста преку социјалните мрежи, а ја пласирала некоја анонимна жена потпишана со псевдоним Шаоли.
Невројатната зделка се случила во градот Шенжен, кој се наоѓа на југот на Кина. Според Шаоли, таа имала време да оди со 20 момчиња едновремено и била способна сите да ги убеди да и купат по еден iPhone 7, кој во моментов е меѓу најскапите на пазарот во целиот свет. Итрата заводничка ја објавила продажбата на телефоните на сајтот Шоу-бао, за кусо време ги продала, од што заработила 15.000 евра кои ведаш ги уплатила како депозит за купување куќа во периферијата на градот.
-Не сум од богато семејство. Мајка ми е домаќинка, а татко ми е физички работник. Јас сум најстарата ќерка и морам сама да се снаоѓам. Родителите ми се се постари и морав да направам нешто, пренесува Би-Би-Си.
Би-Би-Си не ја потврдува вистинитоста на приказната, но сајтот Шоу-бао потврдува дека биле купени 20 ајфони 7.
За кусо време таа станала хит на интернет, а коментарите се различни – едни ѝ честитаат, а други ја осудуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст