Луѓето со „0“ крвна група се навистина нешто посебно, бидејќи можат да даваат крв на сите останати групи (во еритроцитите на крвната група 0 нема никаков фактор кој би ја разорил туѓата крв), но можат да примат крв само од својата крвна група.
Но, повеќето се склони на некои болести, но имаат и некои многу моќни особини со кои се истакнуваат во популацијата.
Способност за лидерство, проактивност, голема количина на енергија и способност секогаш да останат фокусирани – се некои од најдобрите квалитети на луѓето со крвна група 0. Исто така знаат да бидат многу моќни и продуктивни.
Од друга страна, склони се на некои болести како што се чир, дисфункција на штитната жлезда, ниско ниво на хормоните од штитната жлезда и недостиг на јод.
Тие дисфункции може да предизвикуваат несакани последици како што се прекумерна телесна тежина и задржување на вода.
Во Јапонија крвната група 0 одамна се поврзува со одреден тип на личности. На интервју за работа Јапонците се интересираат за крвната група на испитаниците. Луѓето со крвна група 0 се опишуваат како одговорни, предани, организирани, фокусирани, совесни и практични луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст