24-годишната Ешли Хат и нејзиното 25-годишно момче Лирој МекЛејвер на суд изјавиле дека не се чувствуваат виновни.
Обвинението било поднесено една година откако децата им биле одземени и одведени од домот Спенавеј во Вашингтон.
Полицијата во нивниот дом пронашла хероин и игли, а децата, на возраст од 2, 4 и 6 години, имале траги од убоди и модринки на телата, пишуваат американските медиуми.
Најстарото дете минатиот декември рекло дека родителите им давале „лекови за да се чувствуваат добро”, притоа опишувајќи ја постапката. Детето кажало дека тој и сестрите заспивале веднаш откако ќе добиеле „лек”.
Децата тогаш биле тестирани на хероин. 2-годишното девојче било позитивно, но 6-годишното момче не. Средното дете, 4-годишно девојче, во крвта имало траги од хероин, но нивото било ниско за да се заклучи нешто повеќе и да се донесе конечен суд.
Осомничените признале дека самите користеле хероин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.