– Бев член на движењето „Национален строј“ во Србија од 2004 до 2007 година. Заедно со другите членови напаѓавме Роми, припадници на ЛГБТ заедницата…вака ја започнува својата приказна за Блиц.рс транссексуалецот Дајана Поспиш (32), попозната како Адолф Поспиш.
Некогаш бил страв и трепет на новосадските улици, но сега ова лице се решило да си ја отвори душата и да изнесе се што видело во годините минати со екстремните активисти од нео-нацистичките групи.
– Кога учествував во тепачки, неретко се вадеа ножеви и страдаат многумина. Новопечените скинери ги викавме „мали регрути“ и ги пуштавме во ромски населби да го напаѓаат населението, вели Дајана.
Особено ромите хомосексуалци биле на мета на овие насилници.
– Прво се организиравме, ги одредувавме нашите цели и колку ќе бидеме брутални во нападот. Тоа се договара многу сериозно и организирано. Се праќаат пораки на 20-30 луѓе и добиваат информации каде да дојдат или од каде ќе бидат земени. Никој од помладите членови не знае што ќе се случува се додека не се соберат сите, раскажува Дијана.
Палки, ножеви и шипки биле само дел од арсеналот на нео-нацистите. Со такви ладни оружја повредите кои им ги нанесувале на жртвите биле и тоа како сериозни.
– Бев сведок на еден суров напад кога на мета ни беа антифашистите кај едно кафуле во Нови Сад, а еден од членовите на „Национален строј“ извади нож и прободе едно момче. Ова и не беше нешто посебно за мене, бев сведок и на многу покрвави и побрутални повреди. Им ги кршевме коските и им ги отворавме главите од тепање на нашите жртви, вели таа.
Додава дека често добивала закани по живот додека била во „Национален строј“ и дека на секој телефонски број кој тогаш го имал му го дознавале и му праќале пораки со закани дека ќе го убијат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напаѓачите на Никола Саздовски се бранеа со молчење пред обвинителот
-
Роми бездомници кампуваат пред Министерство за труд, бараат од Царовска да им најде засолниште
-
Масовни тепачки во Американските трговски центри – се газеа кој прв ќе купи за „Црниот Петок“ (видео)
-
Сојуз на Ромите: СДСМ врши притисок врз вработените Роми во институциите