Џенифер Анистон и нејзиниот сопруг се трудеа да ги избегнат медиумските прашања за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, но изгледа дека Џастин Теру сега одлучил суптилно да испрати порака до првиот сопруг на својата сопруга.
Четириесет и пет годишниот актер објавил на социјалните мрежи објави фотографија на графит со кој го изрази своето мислење за претстојните американски претседателски избори.
На фотографијата се гледа девојка како го гризе својот среден прст, а опкружена е со зборовите „Fuck politics“, „Fuck war“ и „Fuck Brаd Pitt“.
„Поздравот“ за Бред Пит го забележале обожавателите на Џастин Теру.
Бред Пит ја остави Џенифер Анистон откако на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година ја запозна Анџелина Џоли, која, пак, сега од него се разведува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.