Најчесто е тврдењето дека овој сладок производ името го добил со спојување на два збора, но постои приказна за овие познати чоколади која тврди нешто сосема друго.Таа вели дека Милка чоколадите го добиле името по големата музичка ѕвезда Милка Трнина, која владеела со Европа и Северна Америка во периодот меѓу 19 и 20 век.
Наводно, Швајцарецот Карл Рус-Сучад, зет на Филип Сучад кој ја основал компанијата во која во 1901 година почнала да се произведува “Милката” – бил толку одушевен со изведбата на Рихард Вагнер од страна на Милка, кого го обожавал, што го наговорил Филип чоколадата да ја нарече по оваа оперска дива.
Милка е родена на 19 декември 1863 година и е најголемата хрватска оперска пејачка и, секако, една од најзначајните сопранистки во целата историја на операта. Се прославила со глумата во Вагнеровите дела, иако пеела и во парчиња од Бетовен и Моцарт. Умрела во 1941 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.