Околу една третина од нашиот живот го поминуваме во спиење, а сонот и тоа како влијае врз нашето здравје. Положбата која ја завземаме за време на спиењето може да влијае на здравото функционирање на нашите органи, посебно доколку го земеме в предвид фактот дека 95 проценти од нас секоја ноќ спијат во иста положба.
Спиење на грб
Овој е најчестиот начин на спиење, а истражувањата покажаа дека носи поволни здравствени користи. Оваа положба им дава на органите повеќе простор. Се смета дека ефектот е уште поголем доколку колената бидат малку свиткани и подигнати, со што се намалува притисокот на зглобовите на нозете. На овој начин крвта полесно циркулира низ организмот.
За оние кој рчат за време на спиењето оваа положба не е најсреќната комбинација. Исто така оваа положба не се препорачува на бремени жени бидејќи на тој начин доаѓа до намалување на циркулацијата на крвта во плацентата.
Спиење на страна
Според многумина најудобната положба на телото при спиење. Кичмениот столб е во перфектна позиција и има добра поддршка. Добар процент од луѓето спијат во оваа положба наречена уште и фетус положба. Но тука се препорачуваат неколку елементи кои треба да се запазат. Имено потребно е да имате повисока перница и да спиете на десната страна на телото затоа што срцето така полесно работи.
Кај некои личности оваа положба доведува до проблеми со правилното дишење и делимично затварање на дишните патишта. Причината е гравитацијата која го принудува јазикот да дојде во контатк со непцата и на тој начин да се делимично да се затворат дишните патишта, и се ова доколку се дише на уста додека спиеме.
Спиење на стомак
Оваа положба се смета најлошата положба за спиење. Освен тоа што го оптеретува вратот, создава притисок на внатрешните органи. Кога спиеме на грб доаѓа до намалување на дишењето. Доколку спиете на стомак, вашето лице се „гужва“ на перницата а со тоа се зголемува можноста за појава на брчки.
Доколку спиете на стомак и не можете да се одвикнете пробајте да спиете без перница, за да го намалите негативниот ефект од оваа положба при спиењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.