| четврток, 6 декември 2018 |

Ние го имаме Шенки Версаче, а Србите имаат цело село замоци „Д&Г“ (ФОТО)

Ако Шенки Версаче од Арачиново има доволно пари да ги вложи во позната и злато со знакот на „Версаче“ и да биде олицетворение на кичот во Македонија, во Србија тоа го можат 180 гастарбајтери од селската населба Бугарине.

Повеќето куќи се празни, зашто нивните сопственици доаѓаат само еднаш годишно на одмор во родниот крај. Селото Синошевиќ се наоѓа во близина на Шабац, а гастарбајтерската ромска населба Бугарине е позната во цела Србија. Таму куќите се како замоци, а една тераса е накитена и со познатени украси од „Долче и Габана“.

Не се знае колку жители има населбата, веројатно околу 180, а речиси сите се со австриски и италијански пасоши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top