| четврток, 6 декември 2018 |

Зачувајте го текстот и прочитајте го секогаш кога сте лошо расположени

Давате сè од себе, се борите со сите сили, но наместо направите чекор напред имате чувство дека сте се вратиле три чекори назад.

Во таквите моменти вдишете длабоко и сетете се дека ништо не трае засекогаш, после секоја нагорнина ве чека нов неоткриен видик кој нуди спектакуларен поглед, после најголемото невреме повторно изгрева сонце само треба да бидете трпеливи.

Прочитајте го ова секогаш кога ќе бидете тажни и никогаш не престанувајте да верувате во себе:

1. За некого ти значиш сè.

2. Твојата насмевка може да ги усреќи дури и оние на кои не им се допаѓаш.

3. Секоја ноќ, пред да заспие, некој помислува на тебе.

4. Најчесто причината што некој те мрази, се крие во тоа што тој некој сака да биде како тебе.

5. На светот постојат најмалку две личности за кои си подготвен да го дадеш животот.

6. Постојат најмалку 13 личности кои те сакаат на свој начин.

7. Животот е премногу краток да се будиме тажни.

8. Сакај ги луѓето кои се однесуваат праведно кон тебе, и едноставно заборави ги тие кои го прават спротивното. Верувај дека сè се случува заради некоја причина.

9. Дури и кога ја правиш најголемата грешка во животот, со неа доаѓа и нешто убаво. Запамети, сè што ти се случува во животот ти се случува за твое добро. Верувај во тоа!

10. Кога мислиш дека животот ти свртел грб, погледни кон него од другата страна.

11. Секогаш имај на ум: штом ти се пружи шанса – искористи ја! Ако таа шанса го промени целиот твој живот, дозволи ѝ да го нарави тоа!

12. Никој не рече дека ќе биде лесно, но сите ветија дека ќе вреди.

13. Кога сте уморни, движете се полека. Движете се мирно и без брзање. Но најважно од сè, движете се.

14. Сфатете дека секој од нас не може да биде инспириран секој ден. Сите ние се исцрпуваме. Сите кога тогаш се разочаруваме. Сите се изморуваме. Сепак тоа што не чувствувате ни грам сила во себе и сте изморени од животот воопшто не значи дека стоите во место.

извор:
ценобело

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top