Од кафез во загрепската Зоолошка градина денеска претплане избега млада волчица. За време на потрагата, вработените во зоолошката градина побараа од посетителите да се засолнат во затворени кругови, која не траела долго. Непослушната волчица вратена е во кафезот, а посетителите се смириле и продолжиле со разгледување на Зоолошката градина.
– Ние набавивме млада двојка волци, тоа не беше познато на јавноста. Уште кога беа старите волци, кои угинаа лани, ја зајакнавме и оградата ја направивме повисока. Младата волчица ја споивме со младиот волк и женката, на уште неутврден начин избега, раскажа за Индекс директорот на Зоолошката градина, Дамир Скок.
За помалку од пет минути тренерите и зоолозите го изолирале животното на локација каде можеле сигурно да ја успијат и транспортираат до живеалиштето. Никој од посетителите не бил загрозен, а многу е важно дека ни животното не било повредено, нагласи Скок.
– Успиена е со пушка, не е повредена и со неа е се во ред. додаде тој.
Скок нагласи дека Зоолошката градина ќе го провери живеалиштето и за да утврдат што точно се случило и како волчицата избегала. Младата женка дојде од чешкиот Плзен, а мажјакот од Берлин, Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.