Илјадници Италијанци ноќта ја поминаа на отворено, во шатори и автомобили по земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала кој вчера го погоди Апенинскиот Полуостров. Земјотресот, најсилен во последните десет години, не предизвика човечки жртви, но направи огромна материјална штета. Најтешко е погоден италијанскиот античкиот град Норција во регионот Перуџа, каде што се урна една од најпознатите градби во местото, катедралата „Свети Бенедикт“ изградена во 14 век. Во земјотресот е оштетена и средновековната црква „Света Марија“.
Неколку објекти биле разурнати и во градовите Кастелсантанџело, Преци, Усита и Арквата. Локалните градоначалници велат дека жителите се исплашени и не влегуваат во своите домови. Земјотресот беше почувствуван и во Рим, каде што властите го затворија метрото, додека се чека стручно мислење за постоење можни безбедносни ризици.
Пред два месеци во истата област земјотрес срамни со земја неколку помали градови, при што загинаа речиси 300 луѓе, главно во градот Аматриче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.