| четврток, 6 декември 2018 |

Банкарскиот сектор е стабилен, а штедните влогови сигурни- тврдат банкарите

­

banka

Банкарскиот сектор во Македонија е стабилен, сигурен и ликвиден. Сигурни се и штедните влогови во банките, порачаа денеска од Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија по повод Светскиот ден на штедењето.

Претседателот на Здружението Коста Митровски изјави дека банките се поготвени во следниот период да го кредитираат населението, а посебно компаните. ­

-Штедењето во овој период бележи нагорен тренд. Ако се навратиме на случувањата во април ­ мај годинава каде поради штепулацијата за наводна девалвација на денарот кога дел од штедачите ги повлекоа своите девизни штедни влогови, во овој период се задоволни од нагорниот тренд на штедењето- истакна Митровски.

Министерот за финансии Кирил Миноски, кој присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, најави дека и во следниот период ќе се креираат мерки со кои ќе се обезбедат подобри услови за водење бизнис и повисок стандард на граѓаните со што ќе се зголемат примањата на граѓаните, а со тоа и ќе се зголемат штедните влогови во банките.

-Сите ние треба заедно да креираме услови штедните влогови да станат единствена алатка за штедење. Штедењето е клучен столб за стабилноста на финансискиот систем и затоа како Влада првенствено преку задржување висок степен на макроекономска ликвидност и фискална стабилност мора да креираме мерки и политики што ќе придонесат за стабилност на банкарскиот сектор и зголемување на штедењето- рече Миноски.

Тој посочи дека заклучно со септември годинава, депозитите на населението изнесувале нешто над 213 милијарди денари и е остварен годишен раст од 1,3 проценти. Причините за пониската стапка на раст на депозитите на населението, според Миноски, се влијанието на политичката криза, шпекулациите за можна девалвација на денарот и влијанието на бегалската криза што довеле до повлекување на депозитите, особено во април, мај и јуни. ­

-Сепак довербата на граѓаните не беше разнишана и состојбите се стабилизираа. Така, во август и септември депозитите на населението остварија квартален и годишен раст од над 1 процент- нагласи Миноски.

По повод Светскиот ден на штедењето на 42­ца најдобри банкарски шалтерски работници им беа доделени благодарници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top